Џенаро Гатузо е нов тренер на Фиорентина!

Џенаро Гатузо од 1 јули и официјално ќе го преземе кормилото на Фиорентина и ќе ја врши функцијата главен тренер. Само еден ден откако се раздели со Наполи, популарниот Рино си најде нов клуб.

Како тренер, Гатузо има освоено куп на Италија, а со Виолетовите во следната сезона ќе се обиде да се избори за излез на европска сцена, наместо да се борат за опстанок или да бидат заглавени во „златната средина“.

За Гатузо имаше интерес и од Лацио, но тој го одбра клубот од Фиренца. На клупата на популарната Виола, Гатузо го наследува Џузепе Јакини.

- Оглас -

Најнови вести