Џерард и Астон вила се на прагот на договор, се чека промоција до петок

Астон вила и Стивен Џерард се блиску до договор и се очекува големата легенда на англискиот фудбал да биде новиот менаџер на тимот од Бирмингам.

Најавено е дека се „пеглаат“ детали за да дојде до договор меѓу двете страни, што ќе значи камбек на популарниот Стиви-Џи во Премиер лигата.

Џерард е актуелен тренер на шкотскиот гигант Глазгов ренџерс и во ланската сезона ги предводеше до подвиг и титула без ниту еден пораз.

Со тоа великанот од Шкотска под команда на Џерард ја освои шампионската круна по 10 години пауза и го освои рекордниот 55-ти пехар како шампион на оваа земја.

Астон вила има пет порази по ред во Премиер лигата и по последниот, викендов од Саутхемптон, го смени менаџерот Дин Смит.

Најавено е дека најдоцна до петок ќе биде именуван неговиот наследник, а големи се шансите тоа да биде Стивен Џерард.

- Оглас -

Најнови вести