Џерард поради Коронавирусот ќе го пропушти мечот со ривалот кој му го зададе најтешкиот удар

Менаџерот на Астон вила, Стивен Џерард, е последниот во низата на заразени од Коронавирусот во Премиер лигата. Легендарниот фудбалер на Ливерпул, а сега на чело на Астон вила, нема да биде на клупата на тимот од Бирмингем на денешниот меч против Челзи.

Челзи е клубот кој му го има зададено најболниот удар на Џерард. Во 2014 година, Ливерпул се бореше за титулата во Премиер лигата, а во финишот на сезоната, гигантот од „Енфилд роуд“ со 2:0 загуби од Челзи.

Џерард беше директен виновник за тој пораз, затоа што направи кикс откако се лизна во еден напад и отвори пат Чези да постигне гол. Тој пораз на Ливерпул го искористи Манчестер сити кој го помина ривалот и на крајот Ливерпул остана без титула, а Џерард остана без трофеј во Премиер лигата како играч.

 

- Оглас -

Најнови вести