Џерард прераснува во опасен стратег – Ренџерс му зеде мерка на Селтик во 420. Олд Фирм дерби

Стивен Џерард прераснува во одличен стратег, а го потврди квалитетот и денеска на 420. Олд Фирм дерби во Шкотска.

Неговиот Глазгов Ренџерс го доби вечното шкотско дерби против Селтик со 2:1 во одличен меч на „Селтик Парк“.

Дербито почна добро за Селтик, а во 33. минута им беше досуден пенал, но Кристи не успеа да го совлада Мек Грегор. Веднаш стаса казна, а ја испорача Кент само 180 секунди подоцна со водечки гол за Глазгов Ренџерс.

Селтик успеа да израмни во 41. минута со голот на Едуард, но Келтите не успеаја да ја задржат серијата без пораз на домашен терен сезонава.

Хрватскиот интернационалец Никола Катиќ е херојот на Ренџерс и тој го постигна победничкиот гол за победа во дербито што се протега во три века, а денеска го имаше изданието број 420 во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести