Џезот е совршена музика за Пол Џорџ

Полноќниот експрес од последното издание ја утна добитната комбинација за еден тип, а Дерик Роуз беше кошаркарот што потфрли на тикетот со четири погодени типови од пет предлози. Бекот на Минесота не доби вистинска шанса да игра, настапи само малку повеќе од 7 минути и тоа е единствената утка на Полноќниот експрес.

За ноќеска ќе ви понудиме нов микс од НБА-лигата со четири предлог-типови на индивидуални тотали на кошаркари, а очекуваме ефикасен дуел во „Стејплс центар“ во Ел-Еј помеѓу Клиперс и Селтикс.

 

Колин Секстон (Кливленд кавалирс – Торонто репторс, НБА, 00 часот)

Дебитантот на Кливленд веќе се запиша во историјата на НБА-лигата откако со учинок од 76 тројки сезонава го надмина Кајри Ирвинг како руки играч со најмногу тројки во првата сезона во најсилната лига на светот.

Кливленд нема шанса за настап во плејофот и сега имаат шанса повеќе да играат помладите кошаркари. Секстон е стандарден член на стартната петорка, а ноќеска против Торонто ќе има поголема минутажа. Метју Делаведова, кој му е замена, нема да игра, па тоа е шанса за Колин да постигне некој поен повеќе.

Во НБА-лигата дебитираше токму против тимот на Торонто, Кливленд има порази само од Репторс сезонава и ќе сака да избегне метла во меѓусебните дуели. Секстон е еден од адутите за изненадување, а игра одлично во овој дел од сезоната и типуваме дека ќе оди во плус со поени.

Предлог тип: Секстон > 16.5 поени (1.85) 

 

Клинт Капела (Хјустон рокитс – Шарлот хорнетс, НБА, 01 часот)

Центарот на Хјустон е во топ форма, а одлично му се погоди што на почетокот на кариерата може да игра со двајца врвни бека, Џејмс Харден и Крис Пол.

Дуото Олстар-ѕвезди на Хјустон несебично го „ранат“ со топки под кошот Швајцарецот, а Капела често успева да ги надмине и бројките од 20+ поени.

Ноќеска на гости му доаѓа Шарлот хорнетс, тим кој не го победил Хјустон цели три години. Гостите дури имаат и поголеми мотиви, бркаат позиција за во плејоф, но и Хјустон има амбиции да атакува и на првото место во Западната конференција.

Во прилог на Капела му оди и повредата на раката на Харден. Иако не се работи за посериозна повреда, бекот на Хјустон веднаш по повредата не успеа да постигне 30+ поени и ја прекина долгата серија. Ќе сака да намали со темпото пред плејофот, што е шанса Капела од него да добие повеќе топки во рекетот и да поентира.

Предлог тип: Капела > 15.5 поени (1.85)

 

Кемба Вокер (Хјустон рокитс – Шарлот хорнетс, НБА, 01 часот)

Шарлот е во позиција да се бори за седмата и осмата позиција во Источната конференција, места што носат учество во доигрувањето за титулата, но за тоа им треба Кемба Вокер во препознатлив елемент.

Еден од најбрзите и најдобри бекови во НБА е срцето на тимот чиј сопственик е Мајкл Џордан и од него зависи како ќе одигра Шарлот до крајот на регуларниот дел и дали ќе успее да се протне во октетот најдобри на Истокот.

На последниот меч со Хјустон, Кемба блескаше со 35 поени, но проблем и за него и за соиграчите е што немаат рецепт за победа против Ракетите. Загубија пет меча по ред и ноќеска се аутсајдери, но ако блесне Вокер, тогаш Шарлот може да се надева на подвиг. Границата од 24,5 поени во додатокот за НБА-лигата во Sport Life е токму за да се одигра плус поени на Кемба.

Предлог тип: Вокер > 24.5 поени (1.95)

 

Пол Џорџ (Јута џез – Оклахома тандерс, НБА, 02 часот)

Крилото на Оклахома ужива кога игра против таканаречените џезери од Јута. На последните два меча им даде 45, односно 43 поени, претходно против Јута постигна 31 поен, што доволно говори дека следниот ривал на Оклахома нема решение како да се чува Џорџ.

Двете екипи се речиси сигурни учесници во плејофот, но се бие битка за секоја позиција во „осмицата“, што ќе ја почне битката за титулата во НБА-лигата.

Џорџ е машина за кошеви, иако границата од 28,5 поени не е мала, сепак ќе типуваме плус поени зад името на еден од најдобрите кошаркари сезонава во НБА-лигата.

Предлог тип: Џорџ > 28.5 поени (1.87)

 

Лос Анџелес клиперс – Бостон селтикс (НБА, 03.30 часот)

По традиција двете екипи играат ефикасно, а последните два меѓусебни дуели изобилуваа со кошеви. Пред еден месец Клиперс славеа во „Бостон Гарден“ со 123:112, а и една година претходно победија на тос место со 129:119.

За дуелот што им претстои ноќеска во „Стејплс центар“ во Ел-Еј границата на поени е 226.5 во Sport Life, што е по мерка за да се типува на плус поени.

Двете екипи се во полн состав, освен што е неизвесно дали Џејсон Тејтум ќе игра за гостите. И без него Бостон може да одигра квалитетно и ефикасно, Клиперс играат брза кошарка, што е предизвик за тип со плус поени.

Предлог тип: > 226.5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести