Џо Гомес останува во Ливерпул до 2024 година

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомес, потпиша нов, три и полгодишен договор со клубот, според кој ќе остане на „Енфилд“ до 2024 година.

„Потпишувањето на новиот договор ми значи повеќе од сѐ. Го сакам овој клуб, обожувам да играм на „Енфилд“ и среќен сум што уште долги години ќе ја продолжам мојата кариера тука“, истакна Гомес за официјалната веб-страница на Ливерпул.

Англичанецот настапи на 18 натпревари за Ливепрул сезонава, но во следниот период ќе биде надвор од конкуренција. Предвидена му е пауза од шест недели, поради фрактура на ногата која ја заработи во мечот против Барнли, кој се одигра пред пет дена.

Гомес во редовите на „црвените“ пристигна како младинец од Чарлтон, во трансфер вреден 4,5 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести