Одеднаш Џон Тери стана фаворит за нов тренер на Њукасл

Некогашниот дефанзивец и капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, е главен фаворит за тренер на Њукасл. Газдите од Саудиска Арабија уште бараат замена за Стив Брус, а 40-годишниот Тери е прв на листата.

Од неодамна, Тери ја има потребната про лиценца за да биде тренер на клуб од Премиерлигата. Тери работеше како помошник тренер во Астон Вила, а таа функција ја напушти на крајот на минатата сезона.

Во англиските обложувалници, квотата на Тери драстично паднала, а освен него, со добри изгледи се и Пауло Фонсека и Лусиен Фавр. Се спомнува и Ерик Тен Хаг од Ајакс, но тој ја посакува клупата на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести