Џон Тери: Разочаран сум од себеси што не предвидов какви играчи ќе станат Салах и Де Бројне

Некогашниот капитен на лондонскиот Челзи, Џон Тери, призна дека жали што не го препознал потенцијалот што го имале Кевин де Бројне и Мохамед Салах додека играа за Сините и тој им беше капитен.

„Апсолутно не си замислував дека тие ќе станат едни од најдобрите играчи во Премиер лигата, нема шанса. Тоа е моето единствено разочарување како капитен на Челзи. Кога тие беа во тимот, им требаше поддршка, разговор за подобро да се чувствуваат, а јас бев строг. Подоцна омекнав. Разочаран сум од себеси како капитен. Тогаш не ни замислував до кое ниво ќе дојдат“, изјави легендата Тери.

- Оглас -

Најнови вести