Џон Тери упати провокација до навивачите на Ливерпул

Еден од најголемите фудбалери во историјата на Челзи, легендата Џон Тери, преку својот профил на Инстаграм испрати провокативна порака до Ливерпул, откако Црвените загубија на свој терен од Барнли. Тоа беше прв домашен пораз на Ливерпул после серија од 68 меча едноподруго без лигашки пораз на нивниот „Енфилд“.

Англискиот рекорд по број на домашни мечеви едноподруго без пораз, го држи Челзи, од периодот март 2004-октомври 2008 година. Сините на „Стемфорд Бриџ“ имаа серија од 86 меча по ред без пораз.

„Четири години бевме непобедени дома. Какво е тоа достигнување, се сфаќа и се цени дури кога ќе се пензионираш и кога ќе видиш дека Ливерпул само се доближи до него. Ќе биде ли некогаш подобрен тој наш рекорд?“ – праша Тери на Инстаграм и објави слика на која се менаџерот Жозе Мурињо, Тери, Дрогба и Лампардм како главни столбови на тој моќен Челзи од пред 15-тина години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести