Џордан го предизвика Меџик: Ајде сега да одиграме еден на еден (Видео)

Олстар-мечот во Кливленд не само што ги собра сите најдобри кошаркари на денешницата, туку беше место каде што на теренот се појавија и најдобрите 75-мина играчи на сите времиња во НБА-лигата.

Секако, најголеми овации доби најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан. Популарниот „Ер Џордан“ покажа дека уште го држи натпреварувачкиот дух, па во една ситуација дојде до Меџик Џонсон и во шега му рече дека е подготвен сега да одиграат меч, и тоа „еден на еден“.

https://twitter.com/i/status/1495592104088723460

Џордан на теренот го изненади и Лука Дончиќ. Словенецот остана збунет кога Џордан му се прикраде од зад грб и го прегрна.

„Тоа беше неверојатно. Не знам како да го објаснам тој момент. Мајкл Џордан знае кој сум јас, го знае моето име. Тоа навистина е нешто. Неверојатен момент за мене“, рече Дончиќ.

https://twitter.com/i/status/1495594966508310534

- Оглас -

Најнови вести