Џордан риболовецот – Фати сабјарка од 200 кила, но сè уште е далеку од медал (Фото)

Мајкл Џордан покажа солидна вештина и во риболовот и со својот екипаж успеа да улови одличен примерок на сабјарка тешка 200 килограми на турнир во Северна Каролина.

Во Морехед сити сепак имаше и подобри екипи и риболовци од Ер-Џордан, а рекордот засега е улов на сабјарка тешка 224 килограми.

Познатиот кошаркарски ас има уште еден ден рок за да се пробие на првите три позиции со својата посада и да се обиде дури и да приреди подвиг за прво место, што носи награда од еден милион долари.

„Се надевам дека ќе успееме да фатиме малку потежок примерок за да освоиме медал“, коментираше Летечкиот Мајк на официјалната страница на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести