Џорџо Кјелини објави кога ќе се повлече

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини, наскоро ќе ги закачи копачките на закачалка и од активен фудбалер ќе се трансформира во директор или тренер во младинските категории на Старата дама.

Кјелини кој има 35 години (во август полни 36), ќе игра и во следната сезона, а потоа од летото 2021 година, ќе ја преземе тренерската должност во системот на клубот од Торино, или ќе стане директор (има дипломирано на бизнис администрација). Кјелини со раководството на Јуве е договорен уште во ноември 2019 година, но повредата малку ги расипа плановите. Кјелини се повреди во првиот меч сезонава, а се врати непосредно пред пандемијата од коронавирусот.

Договорот на Кјелини истекува во јуни, но и тој како и голманот Џанлуиџи Буфон, ќе ја продолжат соработката за уште една сезона, пред веројатно да се повлечат.

- Оглас -

Најнови вести