Џошуа пред дуелот со Пулев: Само еден од нас на крајот ќе остане на нозе, тоа сум јас!

Бугаринот Кубрат Пулев конечно ја дочека шансата да го предизвика Ентони Џошуа во битка за светската титула во четири верзии, тие четири појаси ги има Британецот, кој в сабота вечерта ќе има прилика да потврди дека е најдобар.

„Немам што да загубам, само може да добијам. Единствениот начин да бидеш успешен, е да ги прифаќаш големите предизвици” , рече Џошуа на почетокот на прес-конференцијата, а потоа продолжи со пожесток речник.

„Многу сум мотивиран, гладен сум. Не очекувам некој да ме сака. Би се борел и 15 рунди, а не 12. Сум бил удиран од најсилните многупати, но уште сум тука. За секој меч тренирам засилено. Ќе бидам удиран, но јас ќе бидам тој што на крајот на борбата ќе стои на нозе“, најавува шампионот.

Боксерот од Бугарија, кого го викаат Кобрата, има самодоверба пред двобојот.

„Долго време се подготвувам за оваа борба. Подготвен сум за победа. Чекав долго време, во 2017 година бев повреден и откажавме, но знаев дека еден ден битката ќе мора да се случи. Во 2017 година бев помлад, имав 36 години, но се случи тој проблем и не можев да боксувам. Имам почит кон Ентони, тој е олимписки и светски шампион, одличен боксер, но и јас ги имам потребните квалитети за да бидам шампион“, рече Пулев.
- Оглас -

Најнови вести