Ди Марија: Ги „изедовме“ од прва минута…

Анхел ди Марија имаше блескав камбек за Пари Сен Жермен во полуфиналето против Лајпциг откако ја „одлежа жолтицата“ на претходниот меч против Аталанта и со две асистенции и гол беше човек на мечот во победата на Светците од 3:0.

Аргентинецот одигра меч што долго ќе го памети, а сега вели дека ќе има голем проблем до финалето против Баерн или Лион на 23 август на „Луж“ во Лисабон.

„Ги изедовме од првата минута, или фудбалски ги прегазивме Германците вечерва. Бевме подобри во секој сегмент од играта и ова е заслужено и големо финале за нас. Сега ќе ми биде проблем да спијам до финалето, но ќе се снајдам некако. Верувам во успех и освојување на пехарот без разлика кој ќе ни биде противник“, изјави Ди Марија по мечот.

ПСЖ ќе го игра првото финале во Лигата на шампионите, а ако Лион утре успее да го изненади фаворизираниот Баерн, Европа ќе гледа прво француско финале и ќе има нов шампион.

Баерн е единствениот тим од полуфиналистите што има освоено европска круна, а утре од 21 часот е голем фаворит против Лион на „Жозе Алвеладе“ во Лисабон.

Финалето ќе се игра на „Луж“ на 23 август од 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести