Ди Марија го мрази Јунајтед, не сака да слушне ништо за тој клуб

Анхел ди Марија помина една заборавна сезона во дресот на Манчестер јунајтед. Во сезоната 2014/15 англиските медиуми го прогласија за најлошо засилување на Црвените ѓаволи, а набрзо потоа Аргентинецот го облече дресот на ПСЖ, каде што повторно се наметна како еден од најдобрите играчи во светот на негова позиција.

Третиот голман на Светците, Марсин Булка, откри дека Ди Марија толку многу го мрази Јунајтед, што не сака да слушне нешто што е поврзано со тој клуб.

„Анхел го мрази Јунајтед, воопшто нема убави спомени од времето кое го помина на „Олд Трафорд“. Веднаш го менува каналот ако на телевизија се спомне нешто во врска со тој клуб“, откри Булка.

Инаку, Манчестер јунајтед го доведе Ди Марија за 75 милиони евра од редовите на Реал Мадрид, таа сума тогаш претставуваше британски рекорд, а во таа една сезона како Ѓавол, аргентинскиот репрезентативец постигна само три гола и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести