Ди Марија и судијата го одлучија најголемото португалско дерби (Видео)

Вечерва се слави во Лисабон, Бенфика го победи Порто со 1-0, со гол на Анхел Ди Марија, па сега Орлите се први на табелата со два бода пред ривалите Спортинг и Порто, со тоа што Спортинг има и еден меч помалку.

Освен голот на повратникот во редовите на Бенфика, дербито го одбележа и црвениот картон за Фабио Кардосо од Порто уште во 19-тата минута. Многумина мислат дека стартот не бил за исклучување и црвениот картон е престрог, со што им се помогнало на домашните.

Ова е голот на Аргентинецот:

- Оглас -

Најнови вести