Ди Марија „распали“ по Ван Хал и Манчестер јунајтед

Анхел ди Марија важи за еден од најдобрите играчи во последната декада. Актуелниот член на ПСЖ дојде од редовите на Манчестер јунајтед, а во една од своите последни изјави „распали“ по својот поранешен клуб.

„Ич не ми беше гајле кој ја носел ‘седмицата’ во Манчестер јунајтед пред мене, бидејќи тоа е само број, како и сите останати. Навивачите ми велеа дека не сум го почитувал тој дрес доволно, а јас искрено не се занимавав со такви работи, едноставно сакав да играм подобро секој натпревар, но тоа беше невозможно. Луис ван Хал е еден од најлошите тренери со коишто имам работено, без разлика на тоа дали сум дал гол или асистенција, тој цело време ме критикуваше“ изјави ди Марија.

За екипата на Манчестер јунајтед, Аргентинецот одигра 27 натпревари, а имаше учинок од 3 погодоци и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести