Ди Марија: Сите Аргентинци сакаат да одат во Европа, а мој сон е да се вратам во Росарио централ

Фудбалерот на Јувентус, Анхел ди Марија, поради повреда не можеше да му помогне на својот сегашен тим на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Бенфика.

Бенфика е првиот европски клуб за којшто играше Ди Марија од 2007 до 2010 година, откако претходно две години го носеше дресот на Росарио централ, клуб од неговиот роден град Росарио.

Ди Марија, кој играше за големи клубови како Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунатед, ПСЖ и Јуве, сонува во блиска иднина да се врати дома и пак да игра за матичниот клуб.

„Мојот сон е да се вратам во Росарио централ. Долго време се надевам на ова. Нема да биде лесно, но би сакал да се случи. Играчите од Аргентина сонуваат за Европа, а јас сонувам за Росарио“, вели Ди Марија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести