Дибала го надигра Коронавирусот: Не можев да дојдам до здив, за среќа, најтешкото мина

Пауло Дибала го мина тешкиот период заедно со неговата девојка Оријана и објави дека веќе нема Коронавирус. Аргентинскиот ас потсети дека прегремел тежок период, а раскажа дека имало моменти и кога не можел нормално да земе здив.

„Не можев да дишам на моментни искрено и се плашев и за себе и за Оријана. Сега сме добро и едвај чекам да почнам да тренирам“, вели за клупскиот сајт Дибала.

Тој беше третиот фудбалер на Јувентус што беше заразен со Коронавирус, тоа го објави на 16-ти март, а се шпекулираше дека од клубот криеле неколку дена дека Дибала е заразен со опасниот вирус.

„Се обидував да тренирам, но само по неколку минути, веднаш чувствував премореност и болки во мускулите. Симптомите ги имав неколку дена и, за среќа, сега можам да кажам дека се чувствуваме многу подобро“, додаде Дибала.

https://twitter.com/juventusfcen/status/1243583565964742658?s=20

Пред него со Коронавирусот се заразија Даниеле Ругани и неговата бремена девојка и Блејз Матуиди.

- Оглас -

Најнови вести