Дибала урна рекорд на Роналдо во Италија

Пауло Дибала ја заврши сапуницата со ангажман во Рома, иако сите очекуваа да го видат во дресот на Интер. Популарниот „аргентински дијамант“ се пресели во Вечниот град и уште во првиот ден урна рекорд на Кристијано Роналдо.

Имено, официјалната продавница на Волчицата уште во првиот ден по доаѓањето на Дибала, ги распродаде сите негови дресови, а бројката ја надминала онаа на Португалецот при неговиот трансфер во Јувентус во летото 2018 година.

Овој факт покажува дека тимот на Жозе Мурињо се засили со ѕвезда од светски рамки, со кого Рома треба да напаѓа топ 4 пласман во Серија А, но и евентуално да се наметне како конкурент за Скудетото.

- Оглас -

Најнови вести