Дибала аут до 20 дена, ќе ги пропушти дербијата против Интер и Наполи

Пауло Дибала поради оштетување на лигаментите во левото колено, ќе мора да паузира до дваесетина дена, потврдија од таборот на италијанскиот шампион.

Ѕвездата на Јувентус се повреди вчера, во победата над Сасуоло, по што Андреа Пирло остана без уште еден важен фудбалер за наредните предизвици откако веќе извесно време не смета на Де Лихт, Алекс Сандро и Хуан Квадрадо, кои се во самоизолација.

Јувентус без Дибала во составот, во среда навечер ќе ја пречека Џенова во Италијанскиот куп, за веќе на 17 јануари да гостува во Милано против Интер. Суперкуп-пресметката против Наполи е закажана три дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести