Дибиров: Кил на терен ни покажа до каде сме

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро, му честиташе на Кил за одличната игра, и го кажа тоа што сите го видоа, дека Вардар не можеше да победи со само четири гола во едно полувреме.

„Имавме многу проблеми во првото полувреме, само 4 постигнати голови е многу малку. Благодарам на публиката која не бодреше од првата до последната минута. Одигравме очајно прво полувреме. Направивме многу грешки, во второто полувреме се обидовме да надоместиме, но разликата беше голема. Ова е само еден пораз. Мора да останеме сите заедно и да се фокусираме на следниот меч“ – рече Писонеро.

Чехот Филип Јиха кој е тренер на Кил, рече дека се многу среќни што победиле во Скопје, и дека и самите се изненадени колку бил убедлив триумфот.

„Многу сме среќни што победивме тука. Никој не очекуваше дека Вардар на негов терен ќе го победиме со толкава разлика. Дефинитивно одбраната 5-1, и со Ландин на голот кој беше како ѕид, беше клуч за нашата висока победа. Многу сум горд на играчите како одиграа посебно во првото полувреме“ – рече Јиха.

Тимур Дибиров рече дека Вардар видел до каде е во моментов.

„Машки треба да им дадеме рака и да им честитаме. Ние мора да продолжиме да работиме. Пред мечот реков дека ова е дуел на кој ќе видиме до каде сме, а Кил тоа ни го покажа на терен“ – искрен беше Русинот.

 

- Оглас -

Најнови вести