Дибиров потврди дека останува во Вардар и упати моќна порака (Фото)

Тимур Дибиров дефинитивно може да се нарече дека е една од легендите на РК Вардар. Рускиот репрезентативец кој во 2013 година дојде во Скопје и за првпат го облече црвено-црниот дрес, денеска потврди дека и во следната сезона ќе остане во редовите на тимот од „Јане Сандански“.

Токму Дибиров беше еден од оние со кои започна создавањето на европскиот гигант Вардар, а на крајот тоа се исплатеше затоа што двапати стана европски првак. Дибиров и Вардар првпат се искачија на европскиот трон во 2017 година, а Дибиров и лани го подигна трофејот за најдобриот тим на Фајнл фор турнирот во Келн.

Во последно време во Вардар владееше голема неизвесност околу опстојувањето на клубот и финансиите, но по заминувањето на Сергеј Самсоненко, работите во свои раце ги презеде Михајло Михајловски кој го предовдеше клубот и пред доаѓањето на рускиот бизнисмен.

На својот инстаграм-профил Дибиров потврди дека останува во Вардар до 2021 година, а покрај фотографијата со трофејот за европски првак, левото крило упати порака „еден живот, една љубов“, која е една од препознатливите пораки посветени за Вардар.

Покрај Дибиров, во Вардар следната сезона потврди дека останува и Иван Чупиќ, а нови договори треба да потпишат и капитенот Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер.

 

 

View this post on Instagram

 

🔴⚫️♾✔️#2021 #edenzivotednaljubov

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on

- Оглас -

Најнови вести