Дибиров: Вардар е во интересна ситуација, само нека се редат победите

Тимур Дибиров вели дека Вардар е во интересна ситуација и сега, по блескавата и по малку и неочекувана победа против фаворитот Фленсбург, на ред е триумф и против Порто.

Португалците во ланското издание на ЛШ беа поразени во Скопје со 32:27, но му одржаа лекција на европскиот првак во Порто со победа од 30:22, што е предупредување дека утре во „Јане Сандански“ од 20.45 часот нема да биде лесно.

„Порто е одлична екипа, многу незгодна и играат често 7 на 6, што е меч со две острици ако им влезете во нивниот ритам. Се работи за стабилна екипа што нема да биде лесен противник. Ние сме на добар пат, мораме да бидеме уште подобри. Ќе биде тешко, но ова е Лига на шампиони и нема лесни противници.

Некако се најдовме во многу интересна ситуација по победата против големиот фаворит Фленсбург, што повторно ги зголеми апетитите и кај нас и кај навивачите. Сакаме континуитет и со победа против Порто да потврдиме дека сме тим што има квалитет“, вели Тимур Дибиров.

И победата против Фленсбург и распоредот на Вардар е интересен, бидејќи Црвено-црните паузираа две кола поради корона-вирусот, па потоа го декласираа големиот фаворит од Германија и евентуален триумф против Порто, ќе ги крене кон врвот во А групата од Лигата на шампионите по стартниот пораз од Мешков во Брест.

 

 

- Оглас -

Најнови вести