Диџеј Панчо: Елмас е доказ дека со упорна работа, посветеност и верба во себе, сите ваши цели и соништа се достижни

Македонија остана без свој претставник во Лигата на шампиони, откако синоќа Наполи на Елиф Елмас беше елиминиран во осминафиналето од Барселона. Каталонскиот гигант се покажа како пресилен противник за италијанскиот тим и победи со 3:1. Сите три погодоци Барселона ги даде во првото полувреме.

Елмас не беше стартер, но доби шанса во вториот дел и ги одигра последните 15 минути од мечот носејќи се рамноправно со светските фудбалски ѕвезди Лионел Меси, Луис Суарес, Антоан Гриезман, Жерар Пике… Иако Елмас и Наполи не ја победија Барселона, тимот од Југот на Италија може да се пофали дека сезоната ја заврши со трофеј. Наполи го освои Купот на Италија, а Елмас сезонава само потврди дека е македонскиот фудбалски дијамант кој мора да се негува.

И популарниот Диџеј Панчо синоќа на својот фејсбук профил на сите им порача дека Елмас е доказ дека со упорна работа, посветеност и верба во себе, сите ваши цели и соништа се достижни.

- Оглас -

Најнови вести