Диего Форлан даде прогноза за вечерашното финале помеѓу неговите некогашни клубови

Поранешниот прославен уругвајски напаѓач, Диего Форлан, кој во минатото играше и за Манчестер јунајтед и за Вилјареал, смета дека шансите за победа вечерва во финалето на Лига Европа, на двата тима им се изедначени. Форлан од 2002 до 2004 година беше член на Црвените ѓаволи и на 63 меча даде 10 гола, а потоа прејде во Жолтата подморница каде за три години постигна 54 погодоци на 106 меча.

За Манчестер ова е осмо, а за Вилјареал прво европско финале. Шпанскиот тим не знае за пораз сезонава во ЛЕ, па Форлан не мисли дека Манчестер е голем фаворит.

„Не би рекол дека Јунајтед е фаворит. Нема дилеми дека тие се поголем клуб со побогата традиција, но тоа не значи ништо на терен. Кога играте, историјата не е важна, туку само сегашноста. Затоа во Манчестер се претпазливи, знаат дека може и да победат и да загубат. Шансите се 50-50. Многумина ја потценуваат историјата на Вилјареал. Тие играат добар фудбал и може да му направат проблеми на Манчестер, особено што за тренер го имаат Емери кој знае да победува во вакви мечеви“ – смета Форлан.

Еве едно шеговито кратко видео како ќе изгледа Форлан вечерва додека го гледа мечот:

- Оглас -

Најнови вести