Диего Форлан рече дека е доста

Легендарниот уругвајски фудбалер, Диего Форлан реши да стави крај на професионалната кариера. Некогашниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Интер и Атлетико Мадрид, оди во пензија на 40 години.

„Решив дека е време да престанам со активно играње фудбал“, рече фудбалерот кој го носи дресот на Киче во Хонг Конг, кој откри дека му било понудено нов договор, но решил да го одбие, бидејќи веќе не се чувствува подготвен да го даде максимумот на терен.

Форлан имаше одлична кариера. Со Уругвај во 2011 година триумфираше на Копа Америка, а само една година претходно стигна до полуфиналето на Светското првенство во Јужна Африка. Иако Уругвај не го освои златото, Форлан беше прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалот пред девет години. За репрезентацијата одигра 112 меча и даде 36 гола, пред да се повлече во 2015 година.

На клупски план, како играч на Атлетико се радуваше на трофејот во Лигата на Европа во 2010 година, а со Манчестер јунајтед во 2003 година беше првак во Премиер лигата. Во Топ 5 лигите има играно уште и за Интер во Серија А и за Вилјареал во Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести