Диего Коста доби работна дозвола, веќе се сликаше во опрема на Вулверхемптон

Веќе нема пречки за напаѓачот Диего Коста да го официјализира својот едногодишен договор со премиерлигашот Вулверхемптон. Бразилецот кој играше за шпанската репрезентација, како слободен агент доаѓа кај Волците.

Ќе треба да почека на дебито, бидејќи не се знае кога ќе продолжи Премиер лигата, во Британија се тагува по кралицата. Ова може и да му оди во прилог на некогашниот играч на Челзи, бидејќи пред мечевите со Ливерпул и Манчестер сити ќе има време за запознавање со екипата и повеќе тренинзи.

Според тоа што може да се забележи на фотографија на која Коста е во опрема на Вулфс, тој во својот нов клуб ќе носи дрес со бројот 29.

- Оглас -

Најнови вести