Диего Симеоне: Меси ги решава мечевите со нападот, Облак со одбраните

Ливерпул упати 35 удари кон голот на Атлетико Мадрид, од кои 12 беа во рамките на голот, а постигнаа само два гола кои се покажаа како недоволни за пласман на шампионот во четвртфиналето. Најголем виновник за елиминацијата на Ливерпул е неверојатниот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Гостинскиот чувар на мрежата имаше 10 успешни интервенции по директните удари кон неговиот гол и уште многу скратени топки по центаршутеви на противникот. Облак едноставно блескаше, а тоа го знае и тренерот на Јорганџиите, Диего Симеоне.

„Без сомнение, Облак е најдобриот голман во светот. Ако Меси е играчот кој ги решава мечевите со напад, тогаш Облак е голманот кој со своите одбрани го добива натпреварот“, рече Симеоне по синоќешниот фантастичен меч и неверојатна победа на шпанскиот тим на „Енфилд роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести