Животна битка го чека фудбалерот што даде 7 гола на еден меч – Дијагностициран му е тумор на тестисот

Напаѓачот на Херта Берлин, Марко Рихтер прими непријатни вести и дијагностициран му е тумор на тестисот при рутинските прегледи пред стартот на новата сезона.

Најавено е дека ќе мора да има оперативен зафат, но се уште се чека конечниот збор на докторите.

Рихтер има 24 години и е поранешен кадет на Баерн Минхен, клуб што го препозна неговиот фудбалски потенцијал на популарниот „Ден на талентите“ во Баварија.

По 8 години минати во Академијата на германскиот гигант, Рихтер се пресели во Аугсбург, клуб што е локален ривал на Баерн и на еден меч за резервите на овој тим успеа да постигне неверојатни 7 гола.

Тоа се случи пред шест години против Селингенпортен на меч што заврши со победа на резервите на Аугсбург од 12:0, а Рихтер беше седмукратен стрелец.

За А тимот на Аугсбург, Марко играше од 2017 година до лани, кога се пресели во Херта.

Беше член на олимпискиот тим на Германија на Игрите во Токио, лани, а има играно и за селекциите до 20 и до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести