Дијамантот конечно блесна на „Олимпико“ (Видео)

Един Џеко го прекина постот на римски „Олимпико“, и со својот гол донесе минимална победа за Рома од 1-0 против Удинезе. Босанскиот „дијамант“ цела година немаше дадено гол на овој стадион, на меч од Серија А. Џеко сезонава даваше голови само на гости, а во Рим погодуваше во групната фаза од Лигата на шампионите, но не и во италијанската лига.

После оваа победа на лизгавиот терен кој беше делумно поплавен од дожд, Рома се искачи на четврто место, но може да биде симната од Милан кој вечерва го пречекува Лацио.

Погледнете го голот на Џеко и убавата асистенција на Ел Шарави:

- Оглас -

Најнови вести