„Диктатурата продолжува“, деветта титула по ред за Орлите (Фото)

Лудогорец го совлада Левски со 3-0 и си ја обезбеди својата нова, деветта шампионска титула по ред во бугарската лига. Клубот од Разград за првпат стана првак во сезоната 2011/12 и оттогаш не го дава врвот.

Популарните Орли предводени од тренерот Павел Врба имаат серија од 35 меча по ред без пораз и им фали само уште еден меч за да го изедначат рекордот на ЦСКА Софија од веќе далечната 1988/89. Лудогорец сезонава собра 71 бод од 30 меча.

- Оглас -

Најнови вести