Дилета остана збунета кога покрај неа претрча скоро гол фудбалер на Наполи (Видео)

Наполи е тимот кој игра блескаво во Серија А и по првите 13 кола има дури 11 победи и само две нерешени, па тимот на Лучијано Спалети заслужено е лидер на табелата. Наполи сега има шест бода повеќе од Милан, а дури осум од Лацио и Аталанта.

Во саботата, Наполи славеше токму над Аталанта, и тоа во Бергамо со 2:1. Елиф Елмас беше стартер за Наполи и беше стрелец на вториот гол, што значи дека македонскиот репрезентативец беше еден од најзаслужните за триумфот.

По мечот, играчите на Наполи славеа со фановите кои дојдоа на ова гостување, а еден од највеселите беше Лео Остигард. Норвешкиот репрезентативец реши буквално да се соблече по гаќи, а дресот и шортцевите да ги подари на навивачите кои беа на трибината.

Трчајќи од теренот кон соблекувалната, речиси голиот Остигард помина веднаш до најпознатата италијанска фудбалска новинарка Дилета Леота.

https://twitter.com/i/status/1588997892181835782

Атрактивната Леота го забележа разголениот и веднаш искоментира дека таа глетка не е баш честа додека е на работа и е на некој од фудбалските стадиони во Италија.

- Оглас -

Најнови вести