Дилета се сликаше со шампионските пехари на Реал и ги налути фановите на Јуве (Фото)

Популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота, која има милиони следбеници на социјалните мрежи, објави фотографии од нејзината посета на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и предизвика гнев кај фановите на Јувентус.

Италијанката гордо позира со насмевка на лицето покрај пехарот на Реал Мадрид од Лигата на шампионите во 2017 година, а во тоа финале во Кардиф, Реал го победи италијанскиот гигант Јувентус со 4-1.

Згодната Дилета внимаваше да не се слика со пехарот кој е веднаш до него, тој од 2018 година, бидејќи во тоа финале Реал победи благодарение на грешките на нејзиното сегашно момче Лорис Кариус.

Дилета гледаше и како одат градежните работи околу реновирањето на стадионот и беше воодушевена.

„Ако сакате да реновирате стадион, знаете кого треба да повикате“, напиша Леота.

 

- Оглас -

Најнови вести