Димитријевиќ држеше час како се асистира, Хувентуд победи по продолженија (Видео)

Ненад Димитријевиќ држеше час како се асистира и со 7 успешни додавања беше најдобар на теренот во Валенсија, а неговиот Хувентуд славеше прва победа во доигрувањето.

Во драматичен меч против Билбао, Хувентуд мораше да игра продолженија, а славеше убедливо со 86:79, откако во регуларниот дел беше нерешено, 73:73.

Димитријевиќ одигра нешто повеќе од половина час и со 7 асистенции беша најдобар во таа категорија во двете екипи. Постигна и 11 поени, со два скока во првиот триумф на Хувентуд во доигрувањето за титулата во Шпанија.

Прв стрелец на мечот беше соиграчот на Нено, Препелиќ со 21 поен. По тесниот пораз во првото коло од Барселона со 96:92 сега Хувентуд ги освои првите бодови во А групата од плејофот за пехарот.

- Оглас -

Најнови вести