Димитриевски брани за мерак, со Рајо Валјекано ја потонаа Жолтата подморница (Видео)

Рајо Валјекано продолжува со сензациите во Ла Лига и вечерва со 1:0 на гости го победи Вилјареал, една од најдобрите екипи во последните десеттина години во Шпанија.

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски повторно бранеше за мерак и е меѓу најзаслужните за уште еден вреден „скалп“ во Ла Лига.

Посебно се истакна со двојната одбрана во иста акција на Вилјареал во 32-рата минута, кога ги обрани ударите на Баена и на Капуе.

Неговите добри одбрани со убав и победнички гол ги награди Серхио Камелјо во 70-тата минута.

Со осмата победа сезонава во Ла Лига, Рајо Валјекано има 29 бода на седмото место и може да се надева на европски настап.

Тимот од Мадрид сезонава е непоразен против Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Валенсија, Севилја и сега со Вилјареал, шест екипи што имаат огромен рејтинг во шпанскиот и светскиот фудбал.

Вилјареал со два бода повеќе од Рајо Валјекано е на петтото место.

- Оглас -

Најнови вести