Димитриевски е подготвен за „бомбардирањето“ од Меси и Барса (Видео)

Рајо Валјекано вечерва ја пречекува Барселона во осминафиналето на Купот на Шпанија, а македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е максимално мотивиран и подготвен да ја заштити својата мрежа во дуелот со големиот фаворит. Барселона ќе биде комплетна, можеби ќе игра и Лионел Меси, но во Рајо се надеваат на чудо.

Столе на социјалните мрежи објави снимка од еден од последните тренинзи, на која покажува дека е расположен за бранење. Вечерва сигурно ќе биде изложен на многу шутеви и ако Рајо приреди сензација, нашиот голман ќе биде еден од јунаците.

Еве како сака Столе да брани и вечерва:

https://twitter.com/i/status/1354037470149701632

- Оглас -

Најнови вести