Димитриевски и Рајо пак му откинаа два бода на Реал Мадрид, сега пенал не е досуден само против Барса

Реал Мадрид поведе во трета минута на гостувањето кај Рајо Валјекано со гол на Хоселу, па делуваше незаинтересирано, бледо, и не успеа да победи против тимот на македонскиот голман Столе Димитриевски.

Средбата заврши 1-1, стрелец за Рајо беше некогашниот член на Реал, Раул Де Томас, кој реализираше пенал, и тоа беше негов прв погодок сезонава. Ова беше прв пенл против Реал сезонава, па сега единствен тим против кој немало пенал во Ла Лига сезонава е Барселона.

Ова е првпат по 1979 година дуел на овие два тима на „Валјекас“ да заврши со нерешен резултат, а и прв меч сезонава на кој Реал без Белингам во составот не успеа да победи. Реал сезонава губи водови само против клубови од Мадрид и Севилја, сите други ги победи.

Димитриевски имаше солидно издание и помогна Рајо после 31 сезони, да остане непоразен во двата дуели во сезоната против најтрофејниот шпански клуб.

- Оглас -

Најнови вести