Димитриевски и Рајо Ваљекано не можеа да го запрат Вилјареал

Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано се поразени на денешното гостување кај Вилјареал од 2:0.

Во мечот од рамките на 17-то коло од шпанската Ла Лига, македонскиот чувар на мрежата и неговиот тим немаа сили против актуелниот освојувач на Лигата на Европа.

Уште во првиот дел со головите на Манди (32′) и Морено (36′) домаќините експресно си ги обезбедија трите важни бода.

За потесетување, пред само неколку дена Вилјареал славеше во заостанатиот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта со 3:2 и се пласираше во наредната фаза од најелитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести