Димитриевски и Роналдо заедно излегоа од игра, веднаш потоа паѓаа голови (Видео)

Столе Димитриевски и Кристијано Роналдо заедно беа заменети на почетокот на второто полувреме на пријателскиот меч меѓу Манчестер јунајтед и Рајо Валјекано, а потоа почнаа и головите.

Димитриевски како стартер успеа да ја сочува мрежата на шпанскиот тим на „Олд Трафорд“, а закана не му беше ниту Роналдо, кој го играше првиот меч за Црвените ѓаволи во подготвителниот период.

Само што излезе од игра македонскиот репрезентативец, Рајо прими гол и тоа хаотичен.

По неколку несфатливи грешки на одбраната на гостите во 48. минута погоди Амад Дијало, кој го замени Роналдо само 120 секунди претходно.

Чудниот гол на Манчестер можете да го погледнете ОВДЕ.

Само 9 минути подоцна на 1:1 израмни Алваро Гарсија со убав погодок за Рајо Валјекано.

Manchester United 1-1 Rayo Vallecano – A.Garcia 57′ from soccer

И за двете екипи мечот на „Олд Трафорд“ беше последен во подготвителниот период и генерална проба за стартот на англиското, односно шпанското првенство.

Манчестер јунајтед ќе почне во Премиерлигата со дуел против Брајтон на 7. август на домашен терен, а Рајо Валјекано ќе стартува во Ла Лига со меч на „Камп Ноу“ против Барселона на 13. август.

- Оглас -

Најнови вести