Димитриевски и Валенсија ја срушија Барса, но останаа без Европа, Реал победи за збогум со Арбелоа (Видео)

Столе Димитриевски имаше фантастична партија, а Валенсија со пресврт славеше над Барселона, но сепак остана без пласман во фудбалска Европа.

Откако во првото полувреме немаше голови, „каталонците“ дојдоа во водство од 0-1 со голот на Роберт Левандовски во 61-вата минута. Сепак, радоста за Барселона траеше кратко, бидејќи Чави Гера само пет минути подоцна израмни на 1-1.

Луис Риоха во 71-вата минута погоди за водство на Валенсија и радост на „Местаља“, но победи и Хетафе, па „лилјаците“ останаа без фудбалска Европа, како и Рајо Ваљекано, па и двете екипи завршија пред нив на табелата.

Конечните 3-1 ги постави Гуидо Родригес во 97-мата минута.

Реал Мадрид забележа убедлива победа од 4-2 над Атлетик Билбао на последниот меч на Алваро Арбелоа на клупата на „кралевите“. Сите четири гола за Реал Мадрид беа дело на различни фудбалери, па по еднаш во листата со стрелците се запишаа Гонзало Гарсија, Џуд Белингам, Килијан Мбапе и Браим Дијас. Головите за екипата од Баскија беа дело на Горка Гурузета и Изета.

Драмата на дното од Ла Лига немаше среќен крај за екипите на Жирона и Мајорка. Екипата од Каталонија зависеше сама од себе, но одигра само 1-1 против Елче на домашен терен и испадна, а Мајорка ќе игра во понизок ранг и покрај победата од 3-0 над Овиедо.

Резултати:

Алавес – Рајо Ваљекано 1-2
Бетис – Леванте 2-1
Селта Виго – Севиља 1-0
Еспањол – Реал Сосиедад 1-1
Хетафе – Осасуна 1-0
Жирона – Елче 1-1
Мајорка – Овиедо 3-0
Реал Мадрид – Атлетик Билбао 4-2
Валенсија – Барселона 3-1

- Оглас -

Најнови вести