И на петтата трка од оваа сезона во Формула 1 шампионатот пол-позицијата ја освои возач на Мерцедес. Џорџ Расел откако победи на спринт-трката, успеа да слави и во главните квалификации за ГН на Канада, што за него е втора пол-позиција оваа сезона.
На останатите три трки во квалификациите победуваше Кими Антонели, но Италијанецот во Канада ќе стартува од втората позиција.
На третото и четвртото место финишираа возачите на Мекларен, Норис и Пјастри, но не беа ниту блиску да ги загрозат водечките.
Од третиот ред во Канада ќе стартуваат Хамилтон од Ферари и поранешниот светски шампион Макс Ферстапен, а до десеттото место следуваат: Хаџер, Леклер, Линдблад и Колапинто.

