Навивачите на Спартак Варна со интересна порака: „Не ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е наш!“

Легендарниот македонски тренер, Ѓоко Хаџиевски, но и неговиот внук, Георг Стојановски, имаа клучна улога во обезбедувањето опстанок во бугарската прволигашка конкуренција на Спартак Варна. Екипата која ја предводи поранешниот македонски селектор во последното коло славеше со 3-0 над Локомотив Софија и тоа со хет-трик токму на Стојановски, па првенството го заврши на 12-тото место со 37 бода, што беше доволно за директен опстанок во бугарската елита.

Тоа не остана незабележано од навивачите на Спартак, кои на теренот се појавија со интересен транспарент, на кој беа бугарското и македонското знаме, но и ликот на Ѓоко Хаџиевски. Пораката на транспарентот беше: „Нема да ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас!“

- Оглас -

Најнови вести