Димитриевски: Немам понуда од Барселона, среќен сум во Рајо Валјекано!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, во интервју за шпанското радио „Пасион пор ел Рајо“  тврди дека нема понуда од Барселона.

„Фокусиран сум на мечевите на Рајо, само тоа ме интересира. Благодарен сум што сум направил нешто добро, но нема да дозволам тоа да ми го одвлече вниманието. Сите сакаме да играме во голем тим, но немам информација за понуда од Барселона, смирен сум. Фокусиран сум на работата, среќен сум во Рајо и сакам да му помогнам да клубот да биде на врвот“, изјави Димитриевски, кој додаде дека имал мали болки и затоа не бил во составот на дуелот со Бетис, а се надева дека ќе може да брани по одмор од неколку дена.

Пред неколку часа и од Рајо рекоа дека немаат намера да го продадат Столе во јануарскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести