Димитриевски немаше работа во чистата победа на Рајо (видео)

Столе Димитриевски ја прослави првата победа за Рајо Валјекано сезонава во Ла Лига со чиста мрежа и сигурни 2-0 на гостувањето кај Еспањол. За македонскиот голман ова е втор меч во низа без примен гол, по брилијантната партија на „Камп ноу“ против Барселона во првото коло.

Димитриевски вечерва немаше многу работа, Еспањол се закануваше, но упати само еден шут во рамките од голот на нашиот Столе, што не претставуваше проблем за него.

Головите паднаа откако двете екипи останаа со по 10 играчи на теренот, Лежен зарабти два жолти картони за само две минути во 14-тата и 16-тата минута, а потоа Гомес директно беше исклучен, па и Еспањол во 30-тата минута остана десеткуван.

Espanyol 0-[1] Rayo Vallecano – I. Palazón (good goal) from soccer

Во 40-тата минута Палазон одлично погоди од далечина, за по еден час игра дилемите да ги реши Сис.

Espanyol 0-[2] Rayo Vallecano – I. Ciss from soccer

- Оглас -

Најнови вести