Димитриевски: Ние пак ќе одиме на победа и против Холандија

Столе Димитриевски и покрај двата примени гола денес брилјираше против Украина со неколку клучни одбрани, како и спречениот пенал на Малиновски во второто полувреме.

Нашиот прв голман жали за поразот со кој Рисовите останаа со минимални математички шанси за пласман во нокаут фазата, но вели дека против Холандија во последното коло повторно ќе се оди на три бода.

„Игравме два натпревари. Првиот беше доста добар на кој имавме само некои тактички грешки. Денеска очигледно бевме послаби во првиот дел, сепак далеку се поправивме во второто полувреме но за жал не се вративме комплетно. Искрено не сум задоволен од своите настапи бидејќи не им помогнав на колегите да оствариме добри резултати. Пеналот беше анализиран, ги простудиравме противниците со стручниот штаб, но искрено проценките се тешки. Ќе одиме во Холандија да се претставиме во најдобро светло и да оствариме победа или барем бод“, истакна Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести