Димитриевски одличен против Реал Мадрид

Реал го доби мадридското дерби против Рајо Валјекано, во првиот меч за нашиот репрезентативец Столе Димитриевски на „Сантијаго Бернабеу“.

Димитриевски бранеше одлично, но тринаесеттата минута беше баксузна и за него и за тимот на Рајо, а Карим Бензема го совлада за победа на Реал од 1:0.

Веднаш потоа нашиот голман имаше одлична одбрана во дуел еден на еден со Марко Асенсио, спаси чист гол и потоа уште неколкупати сигурно интервенираше.

Во последните секунди од мечот гостите имаат шанса и за подвиг и реми, но Комесана немаше среќа и промаши зицер за 1:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести