Димитриевски открива: Германците не ни честитаа за победата

Столе Димитриевски бранеше одлично на дуелот во Дуисбург, во историската победа на Македонија против Германија со 2:1. Македонија е само третата репрезентација во историјата, која успеала да победи на теренот на Панцерите во квалификации за Светско првенство. Димитриевски вели дека на Германците толку тешко им паднал поразот од Македонија, па на крајот од дуелот, дури заборавиле и да честитаат на подобриот тим.

„По голот на Пандев тие си мислеа дека ќе победат, бидејќи се Германија. Мислам дека не бевме сфатени сериозно. Посебно медиумите. Израмија со гол од пенал, а потоа судијата на нив им прости пенал што го направи Емре Кан. Голот на Елмас беше фатален за Германците. На крајот не ни ни честитаа за победата. Според мене тоа не е исправо. Кога судијата означи крај, не можевме да веруваме. Резултатот беше нереален. Ова е најголема победа на нашата репрезентација“, вели Димитриевски според изјавата која ја пишуваат хрватските медиуми.

По три одиграни кола, Македонија има шест бода и е на второто место во групата каде неочекуван лидер е Ерменија со максимални шест бода. Трета е Германија со шест бода, а потоа следуваат Романија и Исланд со по три бода, додека Лихтенштајн нема освоено ниту еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести