Димитриевски повторно е позитивен на ковид-19, неизвесно е дали ќе брани со Атлетико

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој божиќните празници ги мина во Барселона, по што се појави и шпекулација дека Барса е заинтересирана да го купи уште во јануари, по една и пол година повторно е позитивен на корона-вирус.

Рајо објави дека 17 нивни членови се позитивни, не ги кажа имињата, но Димитриевски го немаше на тренинг и тоа беше доволен сигнал да се засилат сомнежите дека и тој е на листата. Ова значи дека големи се шансите Рајо на гостувањето кај Атлетико Мадрид в недела да биде без Столе на голот.

- Оглас -

Најнови вести