Димитриевски прими три гола во Билбао и пак ја има одбраната на мечот (Видео)

Столе Димитриевски прими три гола во поразот на Рајо Валјекано од Атлетик Билбао со 3:2 на „Сан Мамеш“, но бранеше одлично и покажа пак дека е еден од најдобрите голмани во силната Ла Лига.

Сите три погодоци Рајо ги прими во првото полувреме и тоа откако поведоа со 1:0 со голот на Оскар Трехо.

Браќата Вилијамс, Ињаки и Нико заедно со Сансет направија комплетен пресврт во првото полувреме за 3:1 за домаќините.

Потоа следеше брилијантната одбрана на нашиот репрезентативец во 60. минута кога на фантастичен начин го спречи Икер Мунијаин да постигне нов гол за домаќините и тоа беше најдобрата и најефектна интервенција на мечот.

Радамел Фалкао постигна гол за Рајо за 3:2, но недоволно барем за еден бод за гостите од Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести